Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОСТАТ: Европа во рецесија,Грците пред банкрот, Латвијците гајле немаат

ЕВРОСТАТ: Европа во рецесија,Грците пред банкрот, Латвијците гајле немаат
Според проценката објавена од страна на Канцеларијата за статистика на Европската Унија, Евростат, споредено со истиот квартал од претходната година, БДП-то бележи пад  за 0.6% во еврозоната, односно  негативен раст од 0.4% во ЕУ27,  во третото тримесечје од 2012 година. Претходното, во второто тримесечје падот изнесувал  -0,4% во еврозоната ЕА17 , односно -0,3% во Унијата, ЕУ27. 1. EA17 ги вклучува Белгија, Германија, Естонија, Ирска, Грција, Шпанија, Франција, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Холандија, Австрија, Португалија, Словенија, Словачка и Финска. 2. ЕУ27 ги вклучува Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Естонија, Ирска, Грција, Шпанија, Франција, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Унгарија, Малта, Холандија, Австрија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка, Финска, Шведска и Обединетото Кралство. ТАБЕЛА: Стапки на раст на БДП и процентуалната промена во споредба со истиот квартал од претходната година Според базата на податоци од Евростат.
Слично

Поврзани вести