Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евростат: Европа старее!

Евростат: Европа старее!

Наталитетот паѓа, населението продолжува континуирно да старее населението, а податоците се загрижувачки, констатира Евростат. Од 1 јануари 2012 година населението во ЕУ изнесува 503,7 милиони, што е за 6 проценти повеќе во однос на 1992 година. Истовремено, процентот на луѓе над 65 години се зголемува од 14 проценти во 1992 на 18 проценти во 2012 година.

Истражувањето покажало и дека бројот на бракови се намалува, разводите се зголемуваат, а се раѓаат се поголем број вонбрачни деца. Околу 40 проценти од децата во ЕУ во 2011 година се вонбрачно родени.

На ниво на ЕУ бројот на млади под 15 години, кои зависат од работоспособни возрасни лица, изнесува 23,4 проценти. Истовремено процентот на лица над 65 години кои зависaт од работоспособното население изнесува 26,8 отсто.

Просечната стапка на млади и стари лица кои зависат од работоспособното население во ЕУ изнесува 50,1 отсто.

Според податоците на Евростат, најмногу бракови на 1.000 лица во 2011 година имало во Кипар 7,3, а најмалку во Бугарија 2,9. Најмногу разводи во 2011 година имало во Литванија 4 нa 1.000, а најмалку во Малта 0,1.

Естонија има најголем процент на вонбрачно родени деца во ЕУ, околу 60 отсто. Следат Словенија со 57 проценти, Бугарија со 56,1 и Франција со 55,8. Најмалку вонбрачно родени деца има во Грција 7 отсто, Кипар 17 проценти и Полска 21 отсто, информираат од Евростат.

Слично

Поврзани вести