ЕВРОСКЕПТИЦИЗМОТ РАСТЕ: Уште 8 држави сакаат референдум за останување во ЕУ
Речиси половина избирачи во 8 големи држави од Европската унија сакаат референдум за членството на земјите во него. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење, цитирано од Reuters.
45% од анкетираните над 6.000 лица во Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Шведска тврдат дека во нивните земји треба да се одржи референдум како престојниот во Велика Британија.
1/3 тврдат дека би гласале за напуштање на ЕУ, ако им се даде таква можност, покажува анкетата на Ипсос-Мори.
Уделот на евроскептиците се движи од 22% во Полска и 26% во Шпанија до 41% во Франција и цели 48% во Италија.
Дури Британците да гласаат за останување во ЕУ, највисокиот удел на евроскептиците на италијанците не навестува крај на проблемите на обединувањето.
Антисистемното Движење „Пет ѕвезди“, кое се залага за излез на Италија од еврозоната, веќе е втора политичка сила на Апенините. Екстремнодесничарскиот Национален фронт, кој сè повеќе се етаблира како водечка политичка сила во Франција, исто така е против единствената валута.
49% од испитаниците во 8-те земји сметаат дека Британците ќе гласаат за излез од ЕУ. За споредба на такво мислење се само 35% од самите граѓани на Велика Британија.
51% од испитаниците сметаат дека евентуалниот Брекзит ќе и наштети на европската економија. Само 36% делат такви стравувања за британската.
Едвај нешто повеќе од 20% од учесниците во анкетата во сите 9 држави се согласуваат со еден од главните аргументи на противниците на останувањето на Британија во ЕУ - дека процесот на европска интеграција ќе се продлабочи до 2020 година .На спротивното мислење се 40% од испитаниците .
48% сметаат дека ако Велика Британија излезе од ЕУ, ќе ја следат и други земји. 18% не го делат ова видување.
