Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евроскептиците и нанесоа удар на Европската унија

Евроскептиците и нанесоа удар на Европската унија
Досегашниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо синоќа ги повика проевропските групи во новиот Европски парламент да се обединат, бидејќи евроскептичните и радикалните партии забележаа големи победи на изборите за нови европарламентарци. „За Европа е неопходно обединување на Европејците за да се направи глобален поредок во кој можеме да ги браниме нашите вредности и интереси“, рече Баросо. Граѓаните на ЕУ излегоа на изборите во поголем број отколку што се претпоставуваше - односно 43,1% или само малку повеќе од 2009 година кога излегоа 43% од гласачите. Излезноста сепак драстично варираше од земја до земја - од 19% во Словачка до дури 60% во Белгија. Прелиминарните резултати покажаа дека групацијата на десниот центар добила најмногу гласови - освојувајќи 261 од вкупно 751 места во Европскиот парламент, а следуваат социјалистите, либералите и зелените. Сепак, екстремната десницата постигна значителни резултати, победувајќи во Франција, и осовојувајќи значителен број гласови во Грција и други земји-членки. Дури и во Германија фашистите успеале да освојат 0,8% од гласовите и место во Европарламентот.
Слично

Поврзани вести