Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските земји ќе примат 40.000 Авганистанци

Европските земји ќе примат 40.000 Авганистанци

Петнаесет земји членки на Европската Унија (ЕУ) ќе примат 40 илјади авганистански бегалци. 

Европската комесарка за внатрешни работи, Илва Јохансон ја поздрави солидарноста изразена од 15 земји членки денеска за прием на бегалци од Авганистан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Советот за внатрешни работи на министрите на ЕУ во Брисел, се одржа денес, а главна тема беше реформата на миграцијата и азилот, состојбата на источната граница со Белорусија и дебатите за градење на ѕидови на надворешните граници.

Откако во август Талибанците ја преземаа власта во Авганистан, многу луѓе заминаа од земјата. Во регионот, бегалци примија Македонија, Албанија и Косово. Дел од нив веќе си заминаа од Македонија. 

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести