Европските влади бараат решение за големата невработеност кај младите
20 шефови на држави или влади, министри и експерти од земјите-членки денеска во Берлин бараа решение за околу 5,6 милиони млади без работа. На самитот посветен на проблемот со невработеноста кај младите во Унијата, гернанскиот канцелар Ангела Меркел истакна дека невработеноста на младите луѓе е „најитен европски проблем“.
Според министерот за труд Урсула фон дер Лаје, за надминување на проблемот потребно е подобрување на образованието на младите луѓе кои ќе треба да се стекнат со квалификации и полесен пристап до пазарот на труд.
Невработеноста меѓу младите во еврозоната достигна 23,8 отсто, а во мај се регистрирани 3,5 милиони лица под 25 години без работа. Според податоците од Евростат, највисока стапка на невработеност останува таа во Грција и Шпанија, а најниска во Австрија и Германија.
Слично
