Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските социјалдемоктрати сметаат дека мерките за штедење се лоши за ЕУ

Европските социјалдемоктрати сметаат дека мерките за штедење се лоши за ЕУ
Политиката со мерките за штедење во Европа само ја продлабочи кризата, сметаат  социјалдемократските претставници во Европскиот парламент во Брисел. Според ставот на претставници на групите на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, политиката со мерките за штедење доведува до популистички антиевропски движења, пренесуваат белгиските електронски медиуми. „Убедени сме дека Европа мора да пронајде алтернативна политика за намалување на јавната потрошувачка која ќе биде помалку болна, пореална и поприфатлива за народот“, изјави во Брисел претседателот на парламентарната група на социјалдемократите во Европскиот парламент Ханс Свобода, кој пред се се пожали на стратегијата за раст и инвестиции. Францускиот министер за економија Пјер Московиси кој присуствуваше на собранието во Брисел, оцени дека приоритет е оживувањето на економскиот раст до крајот на 2013 и почетокот на 2014 година. „Економскиот раст треба да стане поголема преокупација отколку буџетската консолидација“, изјави Московиси. „Задолжувањето е непријател на економијата, но и левицата. Поради високите каматни стапки, државата може да биде спречена да ја финансира политиката за солидарниот, здравствениот и образовниот систем. Раздолжувањето е фактор за конкурентност“, додаде францускиот министер.
Слично

Поврзани вести