ЕВРОПСКИТЕ СИЛИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА БЕГАЛСКАТА КРИЗА: Во Брисел почнува самит на лидери на ЕУ!
Дводневниот самит на лидерите на Европската унија е посветен на бегалската криза и почнува денес во Брисел.
Се очекува лидерите на ЕУ да го разгледаат јакнењето на европските граници како и барањето на Туск за образование на сигурните зони на северот од Сирија одкаде доаѓа најголем број на бегалци. Речиси два милиони сириски бегалци се наоѓаат во Турција. а стотина илјади веќе оваа година преминале во Грција и понатаму во Европа.
Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск предупреди дека не треба да се залажуваме дека бегалската криза ќе се намали со доаѓањето на зимата.
„Мора да бидеме подготвени за пролетта и заканата од уште поголем бран на бегалци во Европ“; наведува тој во писмото со кое ги повикува лидерите на Самит на ЕУ.
