Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ TРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ: Ќе пратат 100.000 војници во Украина?

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ TРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ: Ќе пратат 100.000 војници во Украина?

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина. Ваков чекор би преземале во случај на прекин на огнот или мировен договор, потврдија официјални лица и дипломати за Ројтерс.

Причината е едноставна – новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека нема да испраќа американски војници во таа земја за да гарантираат безбедност, потврдија за Ројтерс официјални лица и дипломати.

Разговорите, предводени од францускиот претседател Емануел Макрон, се во рана фаза, но веќе открија поделби околу можните цели и мандатот на таквата мисија – па дури и во дебатата за мудроста на покренување таква иницијатива во овој момент, соопшти агенцијата. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Украина не сака да прави територијални отстапки за мир со Русија. 

Слично

Поврзани вести