Европските лидери сепак навиваат за воведување здравствени пасоши
Треба да се засили кампањата за вакцинација против коронавирус во Европската унија.
Шефовите на влади на ЕУ одлучиле да се формира единствен здравствен пасош, што ќе им овозможи на вакцинираните лица одредени слободи, како што се патувања или учество на конференции и културни настани. Освен политичари од Грција, Кипар и Шпанија, за медицински пасош се залага и австрискиот канцелар Себастијан Курц.
„Во седум земји на ЕУ, бројот на заразени повторно се зголемува, и покрај различните мерки за заклучување“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.Во 20 други земји-членки на ЕУ, тој број се намалува или стагнира. Германија веќе е пред трет бран.
Слично
