Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските лидери ќе почнат разговор за прекинување на преговорите со Турција?

Европските лидери ќе почнат разговор за прекинување на преговорите со Турција?

Европските лидери ќе почнат разговор за прекинување на преговорите со Турција за пристап во Европската Унија, вели австрискиот канцелар, Кристијан Керн.

ЕУ е загрижена поради ударот на пучистите по неуспешниот обид за државен удар во Турција и најавите на претседателот Реџеп Таип Ердоган за воведување на смртна казна, што за Брисел е неприфатливо.

Керн во интервју за австриската радиотелевизија кажа дека демократските стандарди во Турција не се доволни за да го оправдаат нејзиниот влез во Унијата, а подеднакво важно е и економското прашање, бидејќи турската економија е под европскиот просек.

На прашањето дали Австрија на состанокот на Европскиот парламент следниот месец, ќе предложи прекин на преговорите со Турција, Керн рече дека за тоа ќе започне разговор и ќе се бара алтернативен концепт.

На оваа тема се погласно се зборува во јавноста. По најновите случувања Турција се оддалечува од ЕУ.

Слично

Поврзани вести