Европските лидери ги одобрија предложените приоритети од ЕК за бегалците
Лидерите на земјите-членки на ЕУ ја прифатија на вонредната седница во Брисел одлуката за зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ и зголемување на хуманитарната помош за соседните држави на Сирија , за да се спречи без преседан прилив на мигранти.
Државните и владините раководители на земјите-членки на Европската унија одлучија да доделат 1 милијарда евра на Агенцијата на ОН за бегалци.
Ова се наведува во финалнаат декларација, подготвена на вонредната средба на врвот на ЕУ во Брисел, која ги одразува краткорочните приоритети на Унијата, претставени од ЕК. На овој начин, лидерите на ЕУ го прифаќаат новиот предлог на Европската комисија, која вклучува поголемо финансирање на Агенцијата за бегалци. Според европски извори, станува збор за 1 милијарда евра, од кои 500 милиони евра доаѓаат од буџетот на ЕУ, предложен од Европската комисија, а останатите пари треба да бидат увезени директно од земјите-членки.
"Имаме обврски, се надеваме дека ќе дојдеме до вкупно најмалку 1 милијарда евра", рече извор близок до преговорите.
Британскиот премиер Дејвид Камерон веќе најави дека неговата земја ќе даде околу 136 милиони евра а недостатокот на финансирање доведе до тоа, агенциите на ОН и поконкретно Светската програма да ги намалат значително своите активности во камповите за бегалци. Ова доведе до бројни бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа, наместо да остана во овие кампови во очекување ситуацијата во нивните родни земји да се подобри ".
"Овие придобивки треба да одат во Турција, Јордан, Либан, што е можно побрзо, за да може бегалците да не се заведени да доаѓаат во Европа ризикувајќи го својот живот", рече францускиот претседател Франсоа Оланд. Европски извор посочи дека претседателот на Турција Реџеп Ердоган се очекува да се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на 5 октомври во Брисел.
Европската комисија предложи детална карта на мерките за трајно подобрување на надворешните граници на ЕУ. Конкретниот предлог е за создавање на центри за прием и регистрација на мигрантите кои треба да почнат да дејствуваат во наредните денови во Италија и Грција. "Треба да се увериме дека пристигнатите во Европа ќе се регистрирани брзо, ќе им бидат земени отпечатоци, ќе може да се прави брза селекција меѓу оние кои остануваат, и оние кои не можат да останат", објасни заменик-претседателот на ЕК Франс Тимерванс. Во Грција и Италија веќе постојат такви прифатни центри, но тие треба да одговараме на одреден број норми, за да одговараме на дефиницијата на "hotspots" (жешки точки), таква каква што е одредена од ЕУ. По средбата германската канцеларка Ангела Меркел споделила дека Бугарија побарала исто на нејзина територија да бидат дефинирани "жешки точки".
Европските земји сакаат да се обидат да ја подобрат ефикасноста на својата политика на враќање - протерување на нелегалните економски имигранти. Досега само 39% од луѓето чии барања за азил биле одбиени, се всушност протерани. Ќе бидат обновени преговорите, конкретно со африкански земји во договорите за реадмисија, па тие да ги прифатат назад своите граѓани. ЕК потсети дека нејзиниот проект за европски граничен корпус и гранични сили ќе биде предложен зда дискусија до крајот на годината. Вкупно ЕК побарала досега пред оваа средба на врвот износ од 1,7 милијарди евра за справување со кризата, кои ќе се додаваат на веќе предвидените износи, и ќе се достигне вкупен збир од 9.2 милијарди евра. Неопходно е да се преземат нови меѓународни напори за стабилизирање на ситуацијата во Сирија и Либија. Ова се вели во финалната декларација на завршиениот самит на ЕУ за бегалскиот проблем.
"Повикуваме да се преземат нови меѓународни напори под покровителство на ОН, за да се стави крај на војната, која предизвика толку многу страдања и принуди околу 12 милиони луѓе да ги напуштат своите домови", се вели во текстот. Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека треба да се води дијалог со сирискиот претседател Башар Асад, за да се најде решение на конфликтот во земјата. Треба да се зборува не само со САД и Русија, но и со важните регионални партнери, Иран и сунитски земји како Саудиска Арабија ", рече таа. Францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека" иднината на Сирија не може да поминува низ Башар Асад. Успешна транзиција може да има само со неговата оставка ", истакна тој за време на прес-конференција по завршувањето на самитот. Ние несомнено ќе треба да го засилиме нашиот притисок, така што нашите авиони, кои ги прават сега разузнавачките летови, да можат во соодветниот момент под услов дека има цели, да вршат напади, изјави шефот на француската држава. Од овие прифатни центри бегалците, ќе бидат пренасочени кон други земји членки, а оние кои се сметаат за економски мигранти, без потреба од меѓународна заштита, треба да бидат вратени во нивните земји. "Правилното управување и контрола на нашите надворешни граници е наша заедничка одговорност. Ќе биде нефер да инсистираме земји како Италија, Грција и други, да го носат целиот товар. Затоа предложивме помош на сите можни начини", рече Туск. Во обид да бидат ограничени проблемите до периферните граници на ЕУ, ќе бидат обезбедени дополнителни ресурси на европски агенции задолжени за контрола, како и дополнителен персонал и опрема од земјите - членки на ЕУ. На вонредната средба на врвот беа потсетени 28-те земји да го завршат воведувањето на заедничкиот систем за азил во националното законодавство. "Бидејќи војните нема да запрат во скоро време, ние зборуваме за милиони потенцијални бегалци, а не за илјадници", предупреди претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по пристигнувањето на самитот на ЕУ за миграцијата во Брисел.
"Конфликтите, особено во Сирија, нема да завршат во скоро време. Од 8 милиони внатрешно раселени лица во Сирија, околу 4 милиони избегале во Турција, Јордан, Либан и Ирак. Ова значи дека ние денес зборуваме за милиони потенцијални бегалци, кои се обидуваат да стигнат до Европа ", рече тој. "Прашањето што треба да го поставиме вечерва е" Како да се поврати контролата на нашите надворешни граници ", истакна тој и инсистираше учесниците на средбата да преземат" итни мерки "и" да подготват конкретен план ". Германскиот канцелар Ангела Меркел покажа повеќе оптимизам и изјави уверување дека "Европа ја има моќта да најде разумно решение".
