Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските лидери бараат економски раст, граѓаните сакаат нови вработувања!

Европските лидери бараат економски раст, граѓаните сакаат нови вработувања!

Заедно со самитот идерите на ЕУ кој денеска започна во Брисел, истовремено во белгиската престолнина почнаа и протести на неколку илјади луѓе поради мерките за штедење и високата стапка на невработеност во Унијата.

Според германскиот канцелар Ангела Меркел,  неопходно да се обезбеди работа на младите во Европа, додека за францускиот претседател Франсоа Оланд, единствен приоритет е пронаоѓање нови начини за поттикнување на економскиот раст.

На тоа одговори белгискиот премиер Елио ди Рупо, кој се согласи дека кога 26 милиони луѓе се невработени, природно е од Унијата да се бараат мерки кои водат до поголем раст.

Во меѓувреме во Брисел  се собраа околу 15 илјади луѓе кои побараа од европските лидери вниманието да го насочат кон инвестирање во нови работни места, посочија од Европската конфедерација на синдикати.

Демонстрантите кои дојдоа од повеќе европски земји извикуваа „Револуција!“ и носеа плакати со натпис „Не на мерките за штедење!“
Слично

Поврзани вести