Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските компании во обид да ги вратат потрошувачите ќе изнајмуваат облека!

Европските компании во обид да ги вратат потрошувачите ќе изнајмуваат облека!
Продажбата на стоки  за втора употреба и размената на услуги стануваат се повеќе популарни во европските земји. Анук Гилис често носи  пар фармерки од органски памук кои ги нарачала онлајн. Но всушност не ги поседува. Наместо да купува панталони кои на мало чинат околу 100 евра, Гилис потпишува 12 месечен договор за изнајмување со малата холандска модна куќа Mud Jeans, пишува The Wall Street Journal. Условите кои ги нуди компанијата, се 20 евра депозит и месечни рати од по 5 евра. По една  година Гилис може да одлучи дали ќе ги купи фармерките, дали ќе ги врати или  ќе ги смени со нов пар. Овие случувања покажуваат како компаниите се обидуваат да ги обноват врските со европските потрошувачи, користејќи алатки како најмување или другу услуги користејки ги своите производи. Кризата во еврозоната и бавното закрепнување на економиите доведуваат до нови напори од страна на фирмите. Компаниите мора да бараат алтернативни начини да се привлечат потрошувачите, бидејќи се соочуваат со проблеми како висока невработеност и внимателно контролирање на трошоците. "Компаниите кои нудат стоки, се почесто користат методи за споделување како начин за градење на брендот, а потоа евентуално би можело да се претвори во нов извор на приходи", тврди Сара Боумфри, шеф на потрошувачките проучувања во Euromonitor. "Во Европа има голема побарувачка на сите овие работи", коментира Паскал Хебеј, раководител на истражувањата на корисниците во Францускиот институт за истражување и следење на животниот стандард. Споделувањето или изнајмување на стоки и услуги не е нов бизнис модел, но тој доби нов поттик, благодарение на финансиската криза во 2008 година, како и на широката употреба на новите технологии. Во Европа корисниците се почесто купуваат, мислејќи на  долгорочни можности да заштедат пари. Сето ова се должи на неизвесноста од високата невработеност и мерките за штедење. Според неодамнешното проучување на Observatorie Cetelem, 68% од анкетираните европјани тврдат дека ќе купуваат работи за втора употреба. 58% тврдат дека сега го прават тоа. 53 отсто одговориле дека би  правеле бартер на стоки, а 31 отсто веќе го прават. Консултантската фирма Frost & Sullivan претпоставува дека бројот на европјани кои ги делат автомобилите ќе се зголемат од 700 000 од 2011г. до 15 милиони до 2020 година.   К.К.
Слично

Поврзани вести