Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските компании силно присутни во даночни оази

Европските компании силно присутни во даночни оази

Педесетина најголеми компании од Европа се силно присутни во даночните оази, при што секоја во просек има 117 „офшор“ филијали, се наведува во анкетата објавена од невладината организација ЦЦФД-Тере солидаире и магазинот „Проџект“.

Предводник на борбата против затајувањето данок е Католичкиот комитет против глад и за развој. Во својот извештајот наречен „Во рајот на загубениот данок“ организацијата изврши проверка на сметките и работењето на компаниите присутни на берзите. Меѓу компаниите што се најдоа на проверка се банките ХСБЦ, БНП Парибас и Дојче Банк, производителите на автомобили Пежо и Фолксваген, телекомуникациските гиганти Сименс и Водафон, како и нафтените компании Тотал и Енел.

Резултатите од извештајот се поразувачки. Постојат 4.858 филијали во даночните рајови, односно 29 проценти од подружниците што компаниите ги имаат во странство.

- Само на Кајманските Острови имаат повеќе филијали отколку во Бразил и двапати повеќе отколку во Индија. Во Луксембург речиси исто како и во Кина, наведува невладината организација.

Најчести дестинации што ги привлекуваат странските компании се Холандија, американската сојузна држава Делавер, Луксембург, Ирска и Кајманските Острови, се наведува во извештајот.

ЦЦФД-Тера солидаире и магазинот „Проџект“ ги повикуваат светските сили во Г-8, кои треба да се состанат во Северна Ирска и земјите од Г-20 да преземат мерки за сузбивање на ваквото работење, особено со воведување задолжителен „извештај“ на сите држави и за сите економски гранки.

Слично

Поврзани вести