Европските индекси во минус по четиригодишниот максимум минатата недела
Европските индекси на вчерашното тргување забележаа пад, после минатонеделниот четиригодишен врв, откако од Fitch Ratings го намали кредитниот рејтинг на Италија на крајот од минатата недела, пренесуваат европските медиуми. Фјучерсите на државните индекси влегоа во минус, на почетокот на неделата, додека азиските индекси го завршија со раст вчерашното тргување.
Акциите на најголемата нафтена компанија во Централна Европа - OMV AG, поевтинија за 4,1%, откако од Societe Generale SA ги намали очекувањата за растот на цената на акциите на оваа компанија.
Негативните податоци за кинеската економија исто намалијарасположението на европските инвеститори и придонесоа за намалување на поширокиот индекс Stoxx 600 со 0.2% до 294.92 поени. Индексот се уште е поголем за 5,5% од почетокот на годината.
Минатата недела индексот на на 600-те најголеми европски компании - Stoxx 600, порасна за 2,3%, што беше најголем раст во последните два месеци.
Индексот ја заврши минатата недела на највисоко ниво од јуни 2008 година.
Слично
