Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските финансисии се стабилизираат, ќе нема откуп на државни обврзници?

Европските финансисии се стабилизираат, ќе нема откуп на државни обврзници?

Се подобрува состојбата со финансиите во еврозоната, а Европската централна банка можно е да нема потреба да врши откуп на државни обврзници од своите членки. Ваква оценка даде Јоргос Првопулос, член на најтесното раководство на Банката, а воедно и шеф на централната банка на Грција.

Тој смета дека во изминатите неколку месеци ситуацијата на европскиот финансиски пазар во извесна мерка е стабилизирана и поради тоа споменатата програма за откуп на државни обврзници веројатно нема да биде применувана.

ЕЦБ во септември лани, изрази подготвеност за почне откуп на државни хартии од вредност во неограничен број. Но, реализацијата на таа програма не е почната. Увереност во ЕЦБ дека во следниот период нема да постојат барања за откуп на владини хартии меѓу членките на еврозоната е зголемена по извештајот дека приходите од 10-годишните италијански обврзници оваа недела паднаа на најниско ниво од октомври 2010 година.

Слично

Поврзани вести