Европските држави бараат дозвола за протерување имигранти
Четири членки на ЕУ бараат построги мерки против имиграцијата. Австрија, Велика Британија, Германија и Холандија бараат од ЕУ да ги заостри мерките за борба против измами или злоупотреба на социјален систем кои ги вршат имигрантите. Тие тврдат дека неможноста на принудување на почитување на правилата за имиграција, поради што санкциите се неефикасни, ја разнишала довербата на земјите домаќини во правото на слободно движење.
Затоа бараат санкции како протерување и забрана за повторен влез во земјата.
„Точно е дека лицата кои извршиле измама или злоупотреба на правилата за слобода на движењето, во принцип можат да бидат протерани. Но начинот на кои правилата се формулирани значи дека не може да биде истовремено забрането повторно да влезат во земјата“, наведоа земјите во писмото.
