Европските банки повторно под лупа на ЕЦБ
Работата на 130 –те најголеми европски банки ќе се анализира од страна на Европската централна банка , со цел да ги открие нивните скриени загуби.
Идејата за ревизија доаѓа како резултат на програмата за јакнење на банкарскиот сектор на еврозоната, со цел да го поттикне излегувањето од рецесија.
По проверките од ваков вид ќе следуваат и нови стрес тестови со цел да се провери отпорноста на банките на евентуална нова криза.
На банките најверојатно ќе им биде наложено да ја засилат својата финансиска позиција со зголемување на резервите за заштита од загуби.
Слично
