Европските банки може да добијат удар за 137 милијарди евра поради нови прописи
Најголемите европски банки може да преземат капитален удар за 137 милијарди евра поради новите предлози на регулаторите, коментира CNBC базирајќи се на извештај на JPMorgan.
Поради новите прописи за пресметување на капиталните соодноси - клучен показател за способноста на дадена банка да издржи при економски шокови, доверителите може да забележат капитални дефицити до 26 милијарди евра до 2018 година, тврдат аналитичарите на американската инвестициска банка во детално обработениот извештај.
Сумата од 26 милијарди евра, базирана на анализа на 35 од најважните банки на континентот, сугерира дека исплатата на дивиденди и ризичното кредитирање може да се променат, ако предлозите влезат во сила. Можно е да се наметне и банките да продадат или преквалификуваат некои од своите средства за да ги задоволат очекувањата на инвеститорите за нивниот показател Equity Tier 1 (CET1) - капитал спрема ризичните средства.
Банките кои имаат поголема изложеност кон цените на суровините поради кредитирање и инвестирање, се особено погодени, тврди тимот на JPMorgan. Ова веројатно не е изненадувачки, имајќи ги предвид последните падови на цените на суровините во целиот свет.
Како Европската централна банка (ЕЦБ), така и Базелскиот комитет за банкарска супервизија со седиште во Швајцарија, во моментов разработуваат планови кои ќе се осигуруваат дека методите кои се користат за пресметување на капиталните соодноси на банките - се клучен показател за стабилноста, кој станува -важна во кредитирањето по кризата, се стандардизирани и им даваат на банките помалку можности за заобиколување при пријавување на капиталните соодноси.
ЕЦБ, која ја има функцијата на банкарски регулатор на еврозоната, размислува за предлози за намалување до минимум на националните разлики при мерење на капиталот.
Банката, која можеби ќе има најголема потреба од зголемување на капиталот на берзата, е Raiffeisen Bank во Австрија, која најверојатно ќе објави "значителен капитал дефицит" од 1 милијарда евра, ако новите правила влезат во сила, покажуваат пресметките на JPMorgan.
Француските банки изгледа ќе се претстават исклучително лошо, посочува анализата а Credit Agricole е веројатно во најголем ризик меѓу големите европски банки со недостиг од околу 22% од сегашната пазарна оценка, тврдат уште аналитичарите.
