Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските банки ќе ги откриваат сметките на високите политичари?

Европските банки ќе ги откриваат сметките на високите политичари?
Банките ќе бидат обврзани да ги откриваат сметките на сите високи политичари од земјите членки на Европската унија. Ова го предвидува бугарскиот предлог за регулација во заедницата , околу кое се здружија учесниците во Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот. Сметките и имотот на сите политичари во Унијата и нивните семејства да бидат јавни . Предлогот на ДСС , ќе го поднесе на следниот Европски совет, бугарскиот премиер, Пламен Орешарски . " Националниот закон е применлив само за бугарски правни лица . Ако сепак еден политичар крие пари во странски банки , се наметнува потребата од заедничка европска регулација " - смета Љутви Местан, пренесува бугарската bTV . Така, банките на сите земји ќе бидат обврзани да ги откриваат сметките на високите политичари. Сепак постојат очекувања за отпор. "Банките вршат отпор секогаш , тие се светите крави на секое општество и во Бугарија не правиме исклучок " , коментира Павел Шопов .
Слично

Поврзани вести