Европските акции стануваат се попривлечни за инвеститорите
Покрај остварувањето на нов рекорд од германскиот индекс DAX и повишувањето на новиот петгодишен максимум за британскиот FTSE, според некои аналитичари европските индекси одамна не биле толку атрактивни за инвеститорите.
Темпото на снижување на прогнозите за профитот на европските компании се подобрува, што во минатото беше исклучително позитивен сигнал за она што претстои, вели Џонатан Стабс, пренесува финансиската издание CNBC.
„Во изминатите пет пати кога тоа се случи бевме сведоци на раст за берзите од 30% во 18-те последователни месеци", коментира Стабс.
„Иако европските акции се зголемија за 100% од дното во 2009 година и иако нивните финансиски проценки станаа повисоки овој вид на средства одамна не биле толку привлечни за многу инвеститори", коментира аналитичарот.
Добрите податоци од САД и Јапонија придонесоа за подоброто претставување на европските индекси , индексот DAX достигна нов историски рекорд по отворањето на ниво од 8 449 поени.
Британскиот FTSE 100 се зголеми до нова највисока вредност од октомври 2007 година на 6 739 поени.
Изгледите се за раст на профитот на европските компании се 10% во текот на следната година.
Слично
