Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европскиот совет доби нов претседател

Европскиот совет доби нов претседател

Поранешниот полски премиер Доналд Туск ја превзеде должноста претседател на Европскиот совет од белгиецот Херман Ван Ромпеј.

Туск е привиот претседател на Советот кој доаѓа од некоја земја на поранешниот комунистички блок. Предавањето на должноста на Туск укажува на се поголема политичка тежина на Полска во 28-членската Европска унија и прераснување на ЕУ од пред пола век настанат западноевропски економски блок во силно политичко тело кое обедиунува повеќе од 500 милиони луѓе од Британија до границите со Русија на исток.

Како и Ван Ромпеј, Туск ќе претседава со самитите на лидерите на ЕУ кои се среќаваат четири пати годишно да ги утврдат долгорочните цели и да најдат решение за кризите во тек, како финансиските проблеми кои ја мачале Европа во последните години или кризата околу Украина оваа година.

Со оглед на високаа невработеност, која се движи околу рекордни нивоа, како и економската поделеност во ЕУ, Туск рекол дека на Европјаните им е потребна „немилосрдна одлучност да ја прекинат економската криза“.

Аналитичарите меѓу предизвиците кои се најдоа пред Туск ги набројаа и настојувањето на зоната на еврото да излезе од криза,  британската закана за излез од ЕУ поради регулативата за инмиграција на нивото на блокот, како и недоволното единство на ЕУ кога станува збор за политиките кон Русија.

 
Слично

Поврзани вести