Европскиот регулатор предупредува за ризиците од биткоинот
Водечкиот банкарски регулатор на Стариот континент упати сериозно предупредување за ризиците кои следат од користењето на биткоинот, јавува CNN. Во извештајот од петокот, Европскиот банкарски орган ( ЕБО ) ги предупреди пазарните учесници, дека секоја инвестиција во дигиталната валута може да биде „болна“ . Институцијата посочи дека електронските парични средства се целосно нерегулирани и ги оставаат луѓето без заштита од евентуален колапс .
Пораката на ЕБО дојде по бројните коментари од инвеститори, технолошки гуруа и обични трговците , кои ја јакнат довербата во биткоините. Главните надежи се дека алтернативното паричен средство може да се претвори во легитимна глобална валута, која пак нема да биде регулирана од ниту една држава.
Довербата во биткоините се зајакна дополнително оваа недела , откако Фондот за ризичен капитал Andreessen Horowitz најави дека инвестира над 20 милиони долари преку стартапот Coinbase . Извештајот на ЕБО сепак предупредува дека сите видови на „дигитални паричници" се изложени на ризик од хакерство што може да ги остави инвеститорите со празни џебови.
Дигиталната валута е формирана од компјутерски експерти на почетокот на 2009 година. Главната предност на паричната средство е неговата независност од централните банки и политичарите .
Минатата недела Кинеската централна банка им забрани на финансиските институции во земјата да вршат трансакции со биткоини. Сепак валутата доби некаква поддршка од Федералните резерви на САД, вклучувајќи од претседателот Бен Бернанке . Според него валутата „може да гарантира долгорочна сигурност " и да биде дел од меѓународниот систем за плаќање.
Вредноста на еден биткоин се зголеми значително во текот на оваа година - од околу 13 долари во јануари до над 1 200 долари пред неколку денови. Денеска околу пладне, еден биткоин се менуваше за 919,99 долари.
Слично
