Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европскиот парламент побара да се стопира „Јужен тек“

Европскиот парламент побара да се стопира „Јужен тек“
Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која ги повика европските власти неодложнод а воведат санкции за руските енергетски компании и да ја прекинат планираната изградба на гасоводот Јужен тек. Истовремено, Европскиот парламент предложи да се ревидираат, а можеби и да се стават вон сила сите спогодби со Русија. Европарламентот смета дека „гасоводот Јужен тек не треба да се гради и треба да бидат достапни други извори за испорака на гас“, се наведува во текстот на документот за кој гласаа 437 европратеници, додека 49 беа „против“, а 85 „воздржани“. „ЕП повикува да се усвојат мерки против руските компании, меѓу останатото и од енергетскиот сектор, како и руските инвестиции и активи во ЕУ“, се додава во документот. Европратениците нагласуваат дека на ЕУ итно и е потребна заедничка политика за енергетска безбедност, со цел да се намали зависноста на Унијата од руската нафта и гас. Резолуцијата не е обврзувачка, но ќе им биде предадена на сите инстанци во ЕУ со цел да послужи како насока за идните чекори на Унијата.  
Слично

Поврзани вести