Европскиот парламент ги повлекува сите обвиненија против Едвард Сноуден
Европскиот парламент вчера гласаше за повлекување на сите кривични обвиненија против американскиот активист Едвард Сноуден, пишува „The Independent“.
По вонредна свикана седница за гласање, европските пратеници одлучија дека на Сноуден треба да му биде обезбедена заштита како еден „бранител на човековите права“, изјава што беше поздравена како „шанса да се продолжи напред“ од самиот активист, кој се наоѓа во Русија.
Тој беше принуден да избега во поранешната советска држава откако ја откри тајната програма за глобалното набљудување на американската Агенција за национална безбедност (АНС).
Според соопштението на Европскиот парламент, гласањето поминало воздржано со гласовите само на четворица пратеници, а додека 285 го поддржале укинувањето на обвинувањата, а 281 гласале против.
Иако е важно, одлуката нема да дозволи Сноуден да ја напушти Русија, каде живее со години и каде го чуваат на тајно место.
