Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европскиот парламент денеска со резолуција ќе ја осуди неправдата кон Македонија и Албанија

Европскиот парламент денеска со резолуција ќе ја осуди неправдата кон Македонија и Албанија

Европскиот Парламент денеска ќе гласа за резолуцијата со која целта е да се осуди одложувањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија, и да се даде поддршка за продолжување на политиката за проширување на Западен Балкан.

Гласањето е денеска на агендата, откако вчера доцна попладне се одвиваше дебатата за преговорите со Македонија и Албанија, а во текот на утрешниот ден се очекува да биде спроведено гласањето за резолуцијата.

На иста линија со европратениците се и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија - Доналд Туск и Жан Клод-Јункер кои ја осудија одлуката со која е одложен почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана. 

Пратеничките групи изработија нацрт резолуција во која Европската народна партија (ЕПП), Социјалдемократите, Либералите, Зелените и Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) укажуваат на штетноста и можните последици од новонастанатата ситуација кога е во прашање политиката на проширувањето на ЕУ.


Слично

Поврзани вести