Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европскиот исток станува ветена земја за гастербајтери

Европскиот исток станува ветена земја за гастербајтери

Додека на Полска и недостасуваат 72.000 работници, чешките работодавци бараат помош од владата во пополнување на 150 000 работни места.

Силен економски раст, но и ниски плати во однос на западните членки резултираа со нов прблем за истокот на Европа, а тоа е недостиг од работна сила. Со недостиг на работници се соочуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Во Чешка каде невработенста паднала на 4,5 посто што е со Германија најниска во Европа-тамошната задруга на работодавачи побара од владата помош во пронаоѓање на работници за 150 000 работни места, колку годинава ќе останат непополнети.

Владата има слух

Како резултат на економски раст од 4,5 отсто во четвртиот квартал на чеките работодавците бараат поедноставување на доселувањето на работници. Владата има слух на нивните проблеми, бидејќи министерот за финансии Андреј Бабис, инаку медиумски магнат, недостатокот на работници го смета како еден од водечките предизвици за Чешката економија. Слична ситуација има и во Полска, чија економија расте со стапка од 3,8 отсто. Во третиот квартал на полската економија и недостигале 73.200 работници, 22 отсто повеќе во однос на претходната година, според податоците собрани од страна на Блумберг. Просечната годишна плата во Полска изнесува 8.222 долари, а за многу компании преостанати извор на работна сила е Украина, вели Марек Силвински, аналитичар на пазарот на труд  во агенција за вработување „Work Force“.

Различни причини

Причината за недостатокот на работна сила се разликува од земја до земја. Во Чешка работници недостигаат во сите сектори поради брзиот раст на економијата. Во Полска и Унгарија, тоа е цената на заминувањето на млади луѓе во странство, пред се во Германија и во Велика Британија, во потрага по подобар стандард. Словачка, како најголемиот производител на автомобили по глава на жител, има недостиг од работници најмногу во автомобилската индустрија. Според економистите, постојат две краткорочни решенија за овој проблем: увоз на трудот или зголемување на платите. Сепак, на долг рок на Источна Европа, ќе и треба нов модел на раст, кој нема да биде толку фокусиран на производство врз основа на евтина работна сила.

Многу работа во Америка

Многу откази Највисоко ниво на доверба во пазарот на трудот од 2008 година доведе до тоа се повеќе и повеќе Американци да даваат откази барајќи подобри услови за вработување. Според официјалните податоци, во декември 3,8 милиони Американци дале отказ, најмногу во последните девет години. Многу работа води кон раст на платите кои во јануари се зајакнале со два проценти на годишно ниво. „Очекувам дека платите ќе продолжат постепено да се зголемуваат, што би требало да помогне во раст на стапката на инфлација“, вели за Ројтерс Џеси Хурвиц, економист во „Barclays“.

 

Слично

Поврзани вести