Европскиот буџет за 2014 наменет главно за вработување на младите луѓе
Буџетот на Европската унија за 2014 година да биде буџет на штедење, се согласија земјите-членки на Унијата. Тие усвоија нацрт за 2014 година со исплати во вредност од 134,8 милијарди евра и обврски во вредност од 141,8 милијарди евра, пренесе AFP, повикувајќи се на дипломатски извори.
Договорот што треба да биде одобрен од Европскиот парламент, ќе влијае главно на трошоците на институциите. Европската комисијата препорача обврски за 142,01 милијарди евра (1,05% од БНП на ЕУ) и плаќања во вредност од 135,9 милијарди евра (1,01%), што е за 6% помалку во споредба со првичниот буџет од 2013 година.
Според предлогот на ЕК, 3,6 милијарди евра се наменети за финансирање на иницијативата за вработување кај младите луѓе и мерките за поддршка на малите и средните претпријатија – двете клучни активности за кои водачите на ЕУ донесоа одлука на средбата.
Слично
