Европскиот буџет ќе биде зголемен за нови 7,3 милијарди евра
Ирското претседателство на ЕУ денеска најави дека е постигнат "политички договор" со земјите-членки за зголемување на буџетот за 2013 година со 7,3 милијарди евра, но тоа е врзано со договорот со Европскиот парламент за буџетот за периодот 2014 - 2020 година, пренесе AФП.
Министрите за финансии на земјите-членки на седницата денеска во Брисел постигнаа политички договор каде во буџетот за 2013-та ќе се додаваат 7,3 милијарди евра, објави ирското претседателство на сајтот на Твитер.
„Подоцна ќе има и официјално гласање“, се додава во соопштението.
Министрите не можат да го прогласат за официјален овој договор, бидејќи постапката на консултации на националните парламенти за оваа исправка во буџетот се уште не е завршена. 6 земји рекоа дека се против тоа барање или пак изразија резервираност. Тоа се Велика Британија, Финска, Шведска, Данска и Австрија, посочи европски извор за AФП.
Зголемувањето на буџетот за 7,3 милијарди евра ќе ја обврзе секоја страна да даде повеќе пари за придонес во заедничките средства на ЕУ. Парите ќе можат да бидам деблокирани на крајот на мај - почетокот на јуни, ако биде постигнат договор со Европскиот парламент.
Слично
