Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европски шамар за САД: „Ние одлучуваме чиј е гасот“

Европски шамар за САД: „Ние одлучуваме чиј е гасот“

Австрискиот канцелар Кристијан Керн и шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел го критикуваа усвојувањето на Нацрт законот за санкции кон Русија.

Тие на американскиот сенат му порачаа дека не треба да ги поврзува санкциите како политички инструмент со економските интереси на САД.

Европското снабдување со енергија е работа на Европа, а не на САД наведуваат тие.

Тие во заедничко соопштение потсетуваат дека Европа и САД од 2014 година се наоѓале на иста страна во тесно партнерство во одговор на анексијата на Крим и руското влијание во источна Украина, но предупредија дека најновиот американски закон е насочен на потиснување руски испораки  на гас и продажба на американски течен гас на европскиот пазар.

„Не можеме да ја прифатиме заканата од екстратериторијални санкции, спротивни на меѓународното право притив европските претпријатија, кои учствуваат во изградба на европското снабдување со енергија. Нацртот на американскиот закон отворено опишува за што се работи тука, а тоа е продажба на американски течен гас и потиснување на руски испораки на гас за европскиот пазар. Целта е да се осигураат работни места во гасната и нафтена индустрија на САД“, истакнале тие.

Керн и Габриел истакнуваат дека политичкиот инструмент на санкции не би требало да се доведува во врска со економските интереси.

Слично

Поврзани вести