Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европски метеоролози откриваат каква зима ќе има во Европа и на Балканот

Европски метеоролози откриваат каква зима ќе има  во Европа и на Балканот

Северна Европа не се очекува да се соочи со нестабилно време оваа зима. 

Mетеорологот Тајлер Ројс oбјасни каква зима ќе има во Европа и дека таа ќе потсетува на онаа од минатата година. 

Според него, некои од најсилните бури најверојатно ќе се случат некаде во јужна Франција, Шпанија или Португалија.  Но, метеорологот Алан Реперт наведе дека со влажна зима ќе биде зафатен делот од Медитеранот до Италија, Балканот и поголемиот дел од Турција. Според него поради постојан проток на влага во овие области, се очекуваат бури, а умерени количини на врнежи би можеле да резултираат со значителни поплави. Прогнозите на „Акуведер“ (AccuWeather) за внатрешноста на Источна Европа се неочекувано студен воздух оваа зима, а со најголем ризик за температури неколку степени под нормалата се централна Украина, Летонија и Естонија, како и Словачка и Полска. На Балканот веќе паднаа снег на планините. 

Слично

Поврзани вести