Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европски јавен обвинител ќе ги гони криминалците кои ги измамиле даночните обврзници во ЕУ

Европски јавен обвинител ќе ги гони криминалците кои ги измамиле даночните обврзници во ЕУ
Да се воведе функцијата европски јавен обвинител и да се зајакне Европското биро за борба против измами (ОЛАФ), со цел да се засили борбата против даночните измами. Ваков предлог денеска во Брисел презентираа претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за правда, Вивиен Рединг, јави дописникот на МИА. Целта на овој предлог на ЕК е подобрување на системот на гонење на криминалците кои ги измамиле даночните обврзници во ЕУ. - Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на Комисијата и заложбата за почитување на владеењето на правото, со решително зајакнување на заштитата на парите на даночните обврзници и ефективно справување со измамите кои ќе ги вклучуваат фондовите на ЕУ. Со овој предлог, ЕК ги исполнува своите ветувања за нулта толеранција кон измамите во однос на буџетот на Унијата - потенцира Баросо. Според Рединг, пак, ако ЕК сама не го заштити федералниот буџет, тоа нема да го направи никој друг за Унијата, па затоа го повика Европскиот парламент и земјите-членки на Унијата да застанат зад овој проект, со цел јавниот обвинител на ЕУ да почне да функционира од 1 јануари 2015 година.
Слично

Поврзани вести