Европски гигант во аеронаутиката скратува 5.800 работни места
Европскиот гигант во аеронаутиката и одбрана EADS ( Europian aeronautic , defence and space company ) соопшти дека во наредните три години ќе скрати 5.800 работни места во активностите " Одбрана " и " Космос" , од кои 1.000 работни места се во фабриките во Франција .
Ова го соопшти францускиот синдикат FO Métallurgie. Од споменатата заедничка бројка 1.300 се со привремено вработување и 4.500 со полно работно време , кои се во претпријатијата на компанијата во Германија , Франција , Шпанија и Англија , се вели во соопштението на синдикатот.
Според синдикатот , кој ги критикуваше претстојните отпуштања , тие се првите последици од преструктуирањето на секторите " Одбрана " и " Космос" .
Слично
