Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европски држави најавија финансиска помош за Украина за да биде отпорна на руската агресија

Европски држави најавија финансиска помош за Украина за да биде отпорна на руската агресија

Пет европски држави ќе донираат 47 милиони долари финансиска помош за Украина. 

Во оваа група се Велика Британија, Канада, Шведска, Швајцарија и САД. Тие планираат на крајот од месецов да основаат фонд за помош на Украина со финансирање од 35 милиони фунти (над 47 милиони долари) за период од три години. 

На 31 јануари, се планира фондот и официјално да почне со работа со потпишување договор. Целта на фондот е поддршка и зголемување на отпорноста на општините погодени од руската агресија, спречување на понатамошна ескалација и подготовка за непречена социјална, економска и политичка реинтеграција на привремено окупираните територии.

Русија ги започна воените вежби во близина на Украина во кои учествуваат илјадници војници и десетици воени авиони. САД предложија нови санкции против Русија во случај на ескалација на ситуацијата во Украина. Тие се однесуваат на ограничувањата на извозот на суровини и оружје и ограничувања на дипломатските контакти, пишува „Билд“. 

Цел од земјите ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести