Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската унија ќе ги намалува провизиите за плаќање со кредитни картички

Европската унија ќе ги намалува провизиите за плаќање со кредитни картички
Европската комисија има намера да ги намали трошоците за плаќање со картички за дури 80%. Ова се очекува да влијае и да ги намали и цените во продажба, затоа што трошокот што продавачот и го плаќа на банката за наплата со картички е вклучен во цената на сите производи. Предлогот на Европската комисија е овој надомест, што сега изнесува и до 1,5% од вредноста на трансакцијата, да се ограничи на 0,2-0,3% од таа вредност. Од ваквата промена, се разбира, најзадоволни се потрошувачите, кои сметаат дека оваа давачка треба да се сведе на нула за да се стимулира безготовинското плаќање. Сепак, здруженијата на потрошувачи се воздржанни во проценките колку ова ќе се одрази на реалната цена на производите, а колку продавачите сепак ќе одлучат разликата да си ја задржат за себе. Од друга страна, банкарите се плашат од загуби. Тие сметаат дека потрошувачкото лоби во Европската унија е премногу силно, па понекогаш се носат мерки без добро да се разгледаат сите можни ефекти. Европскиот парламент го врати овој предлог на доработка, но се очекува Брисел наскоро да излезе со конечно решение.
Слично

Поврзани вести