Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската централна банка во шок: Фалсификувани новите 10 евра!

Европската централна банка во шок: Фалсификувани новите 10 евра!

Италијанската полиција соопшти дека во близина на Неапол открила голема количина фалсификувани банкноти од 10 евра, направени многу прецизно и покрај воведените дополнителни мерки на заштита со што се сметаше дека тешко дека ќе успее некој да ги надмине мерките за заштита, пишува „Ил Джорнале“.

Ова е првата конфискација на лажни примероци од новите банкноти, произведени во есента 2014 година во оптек. Притоа износот на парите што биле конфискувани е 500 000 евра.

Дизајнот на банкнотата е надграден, а во заштитата се вклучени некои нови и напредни елементи, помеѓу кои и сликата на Европа, која е вградена во холограмот и водениот жиг.

Според експертите на полицијата во Неапол, фатените фалсификати се со одличен квалитет и лесно можат да измамат многу луѓе да ги прифатат. Половина милион фалсификувани евра полицијата открила во автомобил на уапсениот 39-годишен Италијанец, по кој била распишана потерница неколку дена пред тоа.

Случката е сериозен удар врз Европската централна банка, која се надеваше дека банкнотите од серијата „Европа“ не можат да бидат фалсификувани толку брзо и во такви количини. Само пред неколку дена беше пуштена и банкнотата од 20 евра од серијата „Европа“, со што и кај неа исто така има сериозни подобрувања за заштита од фалсификување.

Слично

Поврзани вести