Европската криза наесен ќе ја „стресе“ и Германија?!
Најсилната економија во Европа, Германија, есенва ја очекуваат големи искушенија.
Американскиот претприемач и аналитичар од Cан Франциско, Волф Рихтер, тврди дека моделот на раст на германската економија се заснова на постојаната експанзија на извозот, кој сега е целосно исцрпен. Тоа, според него, го покажува анализата на реализираниот извоз на производи со ознака „Made in Germany" во последните две години.
Рихтер наведува дека во мај германскиот извоз паднал за 4,8 отсто, на 88,2 милијарди евра, а според годишната основа, тоа е најлошиот месечен резултат остварен оваа година.
Во земјите од еврозоната, Германија пласира околу 36,6 отсто од својот извоз, а нејзин најголем трговски партнер е Франција, каде што пласира околу 110 отсто од вкупниот извоз.
Германија е инаку, веќе неколку години, втора на светската ранг листа на извозници, прва е Кина, а трета CАД.
Рихтер предупредува дека речиси сите земји од еврозоната се борат со рецесија, а Кина истовремено се обидува да ги поправи сопствените финансиски и други дисбаланси, што германската економија ја доведува во многу неповолна ситуација.
Слично
