Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската комисија ја проверува помошта за „Peugeot Citroën“

Европската комисија ја проверува помошта за „Peugeot Citroën“
Европската комисија започна истрага со цел да утврди дали преструктуирањето на „Peugeot Citroën“ соодветствува на европските правила за пружање државна помош. Планот за реструктуирање на компанијата вклучуваше државна гаранција во износ од 7 милијарди евра, како и повратни аванси за 85.9 милиони евра. „Отворањето на истрагата на било кој начин не значи и се прејудицира нејзиниот резултат", се вели во коминикето на Комисијата. „Во овој момент ЕК има намера да утврди дали претпоставките утврдени во планот за реконструкција, кој има за цел обновување на долгорочната одржливост на компанијата без голема државна помош, се доволно реални. Станува збор претежно за тековните трендови на автомобилскиот пазар", посочуваат од ЕК „Peugeot Citroën“ е водечки француски производител на автомобили и втор на континентот. Пред него е рангиран единствено германскиот гигант „Volkswagen“.
Слично

Поврзани вести