Европската комисија ја прогласи 2013-та за „Година на воздухот“
Европската комисија ја прогласи 2013-та за Година на воздухот, најавувајќи нови предлози за подобрување на неговиот квалитет во Европа, пишува Франс прес.
Европската унија се бори против загадувањето на воздухот од 1970 година. Мерките како што се контрола на емисиите на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на горивото придонесоа за напредок во оваа област, но проблемите остануваат. Ова главно се должи на активностите на човекот: горењето на фосилните горива и драматично зголемување во сообраќајот. Загадувањето на воздухот е главна причина за белодробни заболувања како што се астма, који се сега два пати поприсутни отколку пред 30 години и предизвикуваат повеќе од 350.000 прерани смртни случаи во ЕУ секоја година.
Европската комисија затоа подготвува нова стратегија за подобрување на квалитетот на воздухот во Европа. Комисијата веќе има воспоставено соработка со Регионалната канцеларија на СЗО за Европа. Тие заеднички ќе разговараат за најновите научни податоци за главните загадувачи на воздухот, а своите наоди ќе ги претстават овој месец на конференцијата за разбирање на последиците од загадувањето на воздухот врз здравјето. Европската комисија, исто така, организираше јавна консултација околу тоа како може да се подобри квалитетот на воздухот во Европа. На консултациите кои траат до 4 април, мислење веќе изразија 25.000 европските граѓани.
Резултатите од консултациите ќе се користат во сеопфатниот преглед на европските политики за борба против загадувањето на воздухот планирани за оваа година.
Слично
