Европската економија лани падна за 0,6%, Европа тоне се подлабоко во рецесија
Еврозоната во последното тримесечие од 2012 година се подлабоко влезе во рецесија, покажуваат податоците на европската служба за статистика, Евростат.
Економијата на еврозоната бележи пад за 0,6% последниот квартал од 2012 година во споредба со третиот квартал кога економијата на земјите од еврозоната се намали за 0,1%, се вели во соопштение на Евростат.
Економијата на Европската унија во истиот период бележи пад за 0,5%, по малиот раст од 0,1% во третиот квартал.Во споредба со последниот квартал во 2011 година, економијата е намалена за 0,9%, а ЕУ за 0,6%. Економијата на еврозоната според Евростат, во целата 2012 година „потонала“ за 0,6%
Слично
