Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската демократија умира - умира поради економски неуспех, поради цензура и поради мешање во изборите: Орбан на Конференцијата на десницата во Будимпешта

Европската демократија умира - умира поради економски неуспех, поради цензура и поради мешање во изборите: Орбан на Конференцијата на десницата во Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во обраќање во Будимпешта испрати силни политички пораки за состојбите во Европа и светот, оценувајќи дека се случува „најголемо политичко преуредување во последните 100 години“.

Орбан истакна дека, според него, светот влегува во нова „патриотска и конзервативна ера“, при што ја потенцираше улогата на САД и претседателот Доналд Трамп во тие процеси.

– Гордо го прифаќаме христијанството како темел на нашата цивилизација. Мајката е жена, таткото е маж, а семејството е најважната институција – рече Орбан.

Тој оцени дека „прогресивната идеологија“ се повлекува, а националните политики добиваат на сила, посочувајќи дека Европа треба да се врати кон, како што рече, „здравиот разум“.

Орбан упати критики кон Европската унија, наведувајќи дека Брисел, според него, не ги застапува интересите на европските граѓани.

– Брисел ја доведе Европа во неодржлива состојба. Наместо граѓаните, на прво место се ставаат мигрантите. Последиците се тероризам, криминал и економска криза – изјави унгарскиот премиер.

Во говорот се осврна и на економските политики, нагласувајќи дека „зелената агенда“ ја ослабнала европската индустрија, а во исто време, како што рече, приоритетите се пренасочени кон Украина.

– САД сакаат мир, додека Брисел и Киев сакаат продолжување на војната – рече Орбан.

Тој најави дека претстојните избори во Унгарија ќе бидат „клучна битка“ и порача дека победата на неговата политичка опција ќе значи отворање на патот за промени во Европската унија.

– Ако победиме, ќе ја заштитиме Унгарија и ќе ја отвориме вратата за промени во Брисел. Иднината на Европа треба да ја одлучуваат народите, а не бирократите – нагласи Орбан.

Говорот беше проследен со поддршка за повеќе десничарски и конзервативни лидери од Европа и светот, при што Орбан оцени дека нивното влијание расте и дека тие претставуваат нова политичка сила на глобалната сцена.


Слично

Поврзани вести