Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја воведува задолжителна вакцинација за луѓето постари од 60 години

Европска земја воведува задолжителна вакцинација за луѓето постари од 60 години

Вакцините против коронавирусот стануваат задолжителни во Чешка за луѓето над 60 години. 

Мерката ќе стапи на сила од 1 март следната година, стои во уредба на Министерството за здравство.

Вакцинацијата ќе биде задолжителна и за здравствениот и социјалниот персонал, лекарите, студентите по медицина, полицијата, пожарникарите и војската.

Скоро половина милион луѓе на возраст над 60 години не се целосно вакцинирани. Но,  кај оние кои работат во домови за стари лица и во здравствениот сектор, стапката на вакцинација е 65 отсто. 

Инаку, Словачка со пари ќе ги мотивира постарите да примат вакцина. 

Бундестагот  во Германија ја одобри одлуката за задолжителна вакцинација на здравствените работници. 

Слично

Поврзани вести