Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја се затвора за патници од Бразил, Индија и Јужна Африка

Европска земја се затвора за патници од Бразил, Индија и Јужна Африка

Поради опасност од ширење на новите соеви на коронавирусот, Белгија го забрани влезот во земјата за патниците од Индија, Бразил и Јужна Африка. Белгијците кои живеат во овие три земји можат да се вратат во земјата, но ќе мора да бидат тестирани и ставени во карантин.

„Транспортот на патници со авион, воз, брод и автобус, вклучувајќи го и транзитот, од Индија, Бразил и Јужна Африка до Белгија ќе биде забранет“, изјави белгискиот премиер.

Забраната не се однесува на одредени професии, што се поврзани со транспортот, морнарите, дипломати или членови на меѓународни организации. Во Белгија најраспространет е  британскиот вид на коронавирусот (86 проценти), а по него следи бразилскиот (4,9 проценти) и јужноафриканскиот (3,7 проценти).

Повеќе земји ги прекинаа авионските летови со Индија. Таму сега состојбата е многу тешка. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести