Европска земја размислува да воведе санкции за Израел
Белгиската Влада размислува за санкции кон Израел. Главна пречка за сега, според извори на весникот Ле Соар, се Либералите кои се во владината федерална коалиција.
Владата отвори внатрешна дебата за можноста за санкции кон Израел поради војната во окупираните палестински територии и насилните протерувања на Палестинците, но се уште нема договор помеѓу сите владејачки партии, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова беше барањето на илјадниците граѓани кои во саботата излегоа да протестираат за правата на палестинскиот народ.
Франција, Египет и Јордан побараа прекин на огнот на Блискиот Исток.
Министрите за надворешни работи на Европска Унија ги повикаа Израел и палестинските милитантни групи на прекин на огнот.
Слично
