Европска земја ќе ги обучува украинските војници, но ќе даде и оружје
Германија најде нов начин за снабдување на Украина со оружје. Земјата им донира оружје на земјите што ја вооружуваат Украина.
Според Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа, сите тенкови и оклопни возила и целото артилериско оружје од калибар 100 mm и повеќе се сметаат за тешко оружје. Борбените авиони и хеликоптерите за напад се класифицирани како тешко оружје.
Германија од почетокот на април дала околу 186 милиони евра за воената одбрана на Украина. Тие главно се користат за купување противвоздушни ракети, митралези, муниција и заштитна опрема – но не и тешко оружје.
Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт најави обука на украински војници на германска територија. Таа најави и дека Германија заедно со Холандија ќе обучува украински војници за употреба на оклопни хаубици, како и дека ќе и стави на располагање муниција на Украина.
САД во четвртокот објавија нов пакет-воена помош од 740 милиони евра за Украина вклучувајќи тешка артилерија.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
