Европска земја испрати тенкови во Украина
Eвропска земја и испратила на Украина неколку тенкови и неколку борбени пешадиски возила.
Станува збор за неколку тенкови Т-72 и неколку борбени пешадиски возила БВП-1, изјави неименуван претставник од чешкото Министерство за одбрана.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова одби да ги потврди или да ги демантира деталите за чешката помош за Украина. Таа само рече дека помагаат колку што можат.
Украина во повеќе наврати бараше оружје од други земји. На 24 февруари Русија ја нападна Украина. Украина бараше затворање на небото, но тоа не се случи.
Слично
