Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја ги заостри критериумите за добивање државјанство

Европска земја ги заостри критериумите за добивање државјанство

Португалија ќе ги заостри условите за добивање на државјанство.

Десничарската влада на Португалија, која нема апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска постигна договор со ултрадесничарската партија за усвојување измени на Законот за натурализација на странците.

„Ќе имаме нов закон за државјанство, што значително ќе го зголеми времето потребно за имигрантите да добијат португалско државјанство“, изјави лидер на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Луза Уго Соареш.

За измените на Законот ќе се гласа во текот на денот.

„Португалија сега се приклучува на групата европски земји, каде што стекнувањето државјанство ќе биде потешко“, кажа претседател на популистичката партија Доста е!, Андре Вентура, додавајќи оти договорот е постигнат по месеци преговори, благодарение на „отстапките од двете страни“.

Во Португалија до крајот на 2024 година живееја над 1,5 милиони имигранти, што претставува околу 15 проценти од вкупното население. Тоа е речиси четирипати повеќе во споредба со 2017 година. 

foto Wikipedia/Pedro S Bello

Слично

Поврзани вести