Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eвропска земја ги укинува монетите од еден и два центи

Eвропска земја ги укинува монетите од еден и два центи

Една од европските држави од денеска престанува да ги користи монетите од еден и два цента. 

Италија ја воведува оваа новина во согласност со одлуката на парламентарната Комисија за буџетски прашања.

Исфрлањето од употреба на ситните монети ќе заштеди годишно околу 20.000 евра. Владата троши милиони евра за производство на ситни монети откако го воведе еврото во 2004 година.

Сите цени во Италија ќе бидат заокружени до најблиската вредност, завршувајќи на пет или нула.

И други земји во Европската унија, како Германија, планираат да се откажат од монетите од еден и два цента. 

Монетите од еден и два центи со боја на бакар беа на удар на критика уште во 2013 година затоа што нивното производство е скапо, a класирањето во трговијата на мало комплицирано. ЕК затоа размислува за укинување на најситните пари.

Цената на производството на кованите пари, кои се состојат од железо и надворешен слој од бакар, ја надминува нивната номинална вредност.

Слично

Поврзани вести