Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја ги укинува маските на отворено

Европска земја ги укинува маските на отворено

Во Франција наскоро ќе прекине носењето на маска на отворено. 

Веста ја соопшти министерот за здравство, Оливие Веран, без да даде притоа датум, кога тоа ќе се случи, јави дописникот на МИА.

Министерот Веран понатаму кажа дека е резервиран во однос на политиката на  САД, каде маската повеќе не е неопходна за оние кои се вакцинирани.

„Џо Бајден даде многу силна порака кога: Носете маска или вакцинирајте се. Непосредниот ефект, и тоа беше широко критикувано во САД, е пад на намерите за вакцинација. (…) Мора да бидеме внимателни“, смета Веран.

Вели дека најголемиот ризик е да се оди пребрзо.

Во светски рамки Франција е четврта по бројот на ковид случаи. Во земјата над 107.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести